МЗ: 18 починати и 329 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица. Починале 6 лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 лица од Велес (86г, 72г и 57г) и по едно лице од Прилеп (57г), Тетово (64г),Крива Паланка (78г) и Куманово (74г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа се потврдени 329 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 178 случаи во Скопје, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе – 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2 и по 1 од Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран.

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 103,Куманово – 15, Битола – 12, Штип – 11, Велес и Прилеп – по 9, Крива Паланка – 7, Кичево – 6, Кочани и Свети Николе – по 5, Кавадарци – 4, Берово – 3, Радовиш, Кратово и Богданци – по 2 и по 1 од Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.342.870 тестирања Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.045 тестови.