МЗ: 7 починати и 411 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 4 лица. Починале 2 лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавени лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 411 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 198 случаи во Скопје, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Делчево и Виница.

Регистрирани e 271 оздравен пациент, односно од Скопје – 120, Куманово – 22, Велес – 15, Крива Паланка- 14, Битола – 12, Штип и Тетово – по 11, Кичево – 10, Кочани и Прилеп – по 8, Кавадарци и Кратово – по 7, Струмица – 6, Гевгелија – 5, Неготино и Свети Николе – по 3 и по 1 од Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.209 тестови.