22 починати и 118 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 18 лица. Починале 6 лица од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), 3 лица од Струмица (71г, 73г и 87г), по 2 лица од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и по едно лице од Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови“, се додава во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 118 нови случаи на Ковид-19, односно регистрирани се 93 случаи во Скопје, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2 и по 1 во Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти, односно од Скопје – 175, Битола – 37, Прилеп – 26, Кавадарци – 16, Штип – 15, Куманово – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10, Велес – 9, Кратово и Делчево – по 8, Демир Хисар – 6, Охрид и Неготино – по 5, Валандово – 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Струмица, Радовиш и Демир Капија – по 2 и по 1 од Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 1.245 тестови.