32 починати и 1.210 новозаразени со Ковид-19

Во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 32 лица, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 31 лице се починати во болнички услови.

Починале 8 лица од Скопје на 52, 54, 58, 61, 67, 68, 75 и 77 години, по 6 лица од Гостивар на 45, 47, 48, 61, 67 и 74 години и од Тетово на 54, 57,  60, 72, 74 и 78, 3 лица од Куманово на 52, 71 и 79 години, 2 лица од Кичево на 47 и 71 година и по едно лице од Штип на 56 години, од Кочани на 67, од Берово на 74, од Охрид на 50, од Валандово на 58, од Струга на 64 и од Делчево на 32 години.

Во последните 24 часа се потврдени 1.210 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 464 случаи во Скопје, 177 во Тетово, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица – 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – 9, Дебар и Виница – по 7, Неготино – 6, Берово – 5, Штип, Валандово и Богданци – по 4, Македонска Каменица – 3, Охрид , Крива Паланка и Пехчево – по 2 и по 1 во  Демир Хисар и Демир Капија.

Регистриран e и 451 оздравен пациенти, односно, од Скопје – 133, Гостивар – 78, Тетово – 51, Струмица – 40, Куманово – 36, Кичево – 32, Дебар – 13, Велес – 10, Битола и Ресен – по 8, Кавадарци – 7, Штип – 6, Радовиш, Кочани и Берово – по 5, Прилеп и Свети Николе – по 3, Виница и Охрид – по 2 и по 1 од Гевгелија, Валандово, Пехчево и Демир Капија.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.118.535 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 7.084 тестови.