МЗ: 6 починати и 130 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 6 лица, односно, починале 2 лица од Куманово (63г и 68г) и по едно лице од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г).

Во последните 24 часа се потврдени 130 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се  88 случаи во Скопје, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2 и 1 од Демир Хисар.

Регистрирани сe 423 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 246, Куманово – 65, Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по 9, Тетово – 7, Кавадарци и Кратово – по 6, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5, Битола, Струга и Гевгелија – по 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2 и по 1 од Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.326.737 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.843 тестови.