760 новозаразени и 23 починати од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа се потврдени 760 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 325 случаи во Скопје, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18 и 17 во Велес.

Потоа, регистрирани се по 9 случаи на Ковид-19 во Прилеп, Битола и Радовиш, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5, Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2 и по 1 во Гевгелија, Валандово и Крушево.

Од Ковид-19 починале 23 лица, односно 9 лица од Скопје (82г, 81г, 79г, 71г, 70г, 60г, 59г, 58г и 48г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г) ,Гостивар (74г и 65г) ,Струмица (83г и 68г) ,Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г), и по едно починато лице од Тетово(48г) и Виница (47г).

Регистрирани сe 644 оздравени пациенти, односно од Скопје – 219, Тетово – 94, Гостивар – 81, Куманово – 47, Струмица – 34, Кавадарци – 24, Дебар – 22,Кичево -21,Битола и Ресен – по 12, Велес – 10, Кочани – 9, Радовиш – 7, Прилеп ,Штип и Кратово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Виница – по 4, Валандово, Македонски Брод и Пехчево – по 2 и по 1 од Охрид, Струга,Крива Паланка, Делчево, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.169.901 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.724 тестови.