27 починати и 1.082 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 27 лица. Од починатите лица, 26 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Починале 7 лица од Скопје на 84, 79, 78, 67, 67, 66 и 60 години, 6 лица од Тетово на 85, 76,74, 73, 69 и 60 години, 5 лица од Гостивар на 72, 69, 65, 61 и 47 години, 3 лица од Кичево на 48, 46 и 45 години и по едно лице од Куманово на 74 години, од Прилеп на 57 години, од Охрид на 52 години, од Штип на 79 години, од Струмица на 70 години и од Македонски Брод на 71 година.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 1.082 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 406 случаи во Скопје, 93 во Куманово, Тетово – 87, Гостивар – 72, Струмица – 70, Кичево – 57, Прилеп и Велес – по 32, Кавадарци, Охрид и Струга – по 24, Битола – 23, Штип – 21, Радовиш – 18, Ресен – 15, Кочани – 14 и по 9 случаи во Гевгелија и Делчево.

Потоа, регистрирани се 7 случаи на Ковид-19 во Свети Николе, Крива Паланка и Виница, Дебар – 6, Македонски Брод – 5, Неготино и Кратово – по 4, Валандово – 3, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 2 и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Богданци, Пехчево и Дојран.

Регистрирани сe 492 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 139, Тетово – 89, Гостивар – 85, Куманово – 38, Струмица – 30, Кичево – 25, Берово – 15, Штип и Кочани – по 10, Битола – 9. Радовиш – 7, Прилеп – 6, Валандово – 5, Кавадарци и Дебар – по 4, Делчево – 3, Охрид, Ресен, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Велес, Гевгелија, Свети Николе, Кратово и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи изнесува 13.235“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.982 тестови.