МЗ: 15 починати и 269 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 7 лица. Починале 2 лица од Скопје (73г и 84г) и по едно лице од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 93г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица се починати во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 269 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 142 случаи во Скопје, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по 14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен – по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Гевгелија и Неготино – по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Свети Николе, Берово и Крушево.

Регистрирани сe 353 оздравени пациенти, односно од Скопје – 165, Прилеп – 30, Битола – 29, Кавадарци – 24, Куманово – 12, Охрид – 11, Радовиш – 10, Велес – 9, Струмица и Валандово – по 7, Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3 и по 1 од Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19, а во изминатото се направени 3.449 тестови.