До 11 часот излезноста е 12.78%, гласале повеќе од 229 илјади гласачи

Излезноста до 11 часот на претседателските избори е 12.78%, односно 229.417 гласачи, покажуваат податоците на порталот на Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е пресметана врз основа на 97.43% од обработените избирачки места.

Најголема излезност според податоците има во Крива Паланка каде досега гласале 24.5% од избирачите, односно 4.016 луѓе. Во апсолутни бројки, најмногу луѓе гласале во Битола 12.450.

Инаку, изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања, соопшти дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

„Од страна на Оперативниот штаб, кој го раководи директорот на БЈБ, и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план, обезбедени се потребните технички услови, а МВР ги распореди сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес. го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори”, рече Бојмацалиев.

Право на глас на овие избори имаат 1.814.317 избирачи кои ќе избираат на кого ќе му доверат пет годишен мандат на функцијата. Претседателските избори ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи. Дополнително, изборите ги следат 32 странски новинари.

Изборни нерегуларности можат да се пријават до Државната изборна комисија на телефонскиот број 0800 555 44.

За пријавување било каква повреда на избирачко право граѓаните можат да се обратат и до Народниот правобранител на бројот 0800 54321. Дополнително, тие можат да се обратат и до подрачните канцеларии – Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Излезноста во живо може да се следи на веб-страницата на Државната изборна комисија на следниов ЛИНК.

Седми избори за претседател на Македонија