Анализа: Изборна „историја“ за излезноста, мајски „двојни“ избори за да се мотивираат гласачите

2024 та – изборна година. На 8 мај граѓаните ќе гласаат на двојни избори, втор круг претседателски, доколку во првиот некој од кандидатите не освои мнозинство од 50% плус 1, и парламентарни избори, пишува Порталб.мк. Следната година граѓаните ќе гласаат на седми по ред претседателски избори во независна држава и 11 ти по ред парламентарни избори. Една од главните причини за “двојните“ избори е да се мотивираат граѓаните за излезност бидејќи за избор на претседател на држава е потребен цензус од 40%. Каква е “историјата “ на излезност во дел од изборните циклуси во изминатите години?

Локални избори октомври 2021

Последните локални избори беа одржани во октомври 2021 та, дополнително се спроведоа избори за градоначалник во општините Маврово-Ростуше, Центар Жупа и за советници во општина Тетово. На овие избори беа регистрирани 1 051 205 гласачи а гласале 532 804 гласачи. Според податоците од ДИК важечки биле 522 588 гласови. Излезноста во вториот круг изнесувала 50,69%. На овие избори над 70% излезност во вториот круг имало во Вевчани, Конче. Демир Хисар, Демир Капија, Лозово, Ранковце. Во поголемите општини каде на чело застана градоначалник од партиите од албанскиот блок, излезноста беше различна. Така во Струга гласале 42,88% од запишаните гласачи,  во Тетово 46,50%, во Чаир 44,31%, во Кичево 48,06%, Дебар 43,20% а во  Арачиново е регистрирана една од најголемите стапки на излезеност од 62,97%.

                                             Излезност на избори

Локални избори, октомври 2021                                                     50,69%

Предвремени парламентарни избори, јуни 2020                       49,24%

Претседателски избори, мај  2019                                                   46,65%

Парламентарни избори, декември 2016                                        67,11%

Претседателски избори, април 2014                                                54,36%

Предвремени парламентарни избори, април 2014                     62,96%

Извор: ДИК

Предвремени парламентарни избори, јуни 2020

Среде лето, во ек на ковид криза се организираа предвремени парламентарни избори кои во редовен термин требаше да се одржат на крајот на истата година. Според официјалните податоци од ДИК на овие избори биле регистрирани 1 761 149 лица со право на глас а на изборите излегле  867 107. Излезноста на овие избори изнесувала 49,24%

Според изборните единици највисока излезност од 59,98% била регистрирана во Изборната единица 4 ( Гевгелија, Дојран, Кавадарци…)  а на второ место е Изборната единица 3 (Берово, Велес, Делчево. Кочани..)  со излезност од 57,09% додека најмала излезност од 32,07% имало во Изборна единица 6 (Гостивар, Желино, Тетово, Теарце…).

Најголем број на регистриран гласачи на овие избори, 339 452 имало во Изборна единица 5 а најмалку 240 850 во Изборна единица 2.   Според податоците од ДИК на овие избори Коалицијата “Можеме“ предводена од СДСМ освои 37,68% од гласовите, Коалицијата “Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО -ДПМНЕ освои 36,33%, ДУИ 12.06%, ДПА 1,06% а Левица освои 4,31% со што доби два мандати и влезе  во Собранието.

Претседателски избори април/мај 2019

На овој изборен циклус во вториот финален круг кој се одржа на почетокот на мај 2019, биле регистрирани 1 808 131 гласач а на гласање излегле 843.508 со што излезноста на ниво на целата држава  изнесувала 46,65%. Во вториот круг силите ги мереа Стево Пендаровски како кандидат на СДСМ и Гордана Силјановска, кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

Зад победата на Пендаровски тогаш застанаа 435.656  гласачи со што тој освои  51,65% од гласовите додека  професорката Силјановска доби 377 346  гласови или 44,75% од вкупните гласови. Во првиот круг на овие претседателски избори во трката имаше тројца кандидати, освен Пендаровски и Силјановска беше и Блерим Река како кандидат на Алијанса на Албанците и Беса кој освои 10,6% од гласовите. За да се сметаат за успешни, на претседателските избори во вториот круг треба да се обезбеди цензус од 40% а во првиот круг може да биде прогласен и победник доколку бидат освоени над 50% од гласовите.

Парламентарни избори 2016

На крајот на 2016 та, во  силно поларизиран политички амбиент, веќе објавени прислушувани разговори, се спроведоа предвремени парламентарни  избори на кои победа извојува ВМРО ДПМНЕ но партијата не успеа да формира Влада и замина во опозиција.

На овие избори биле регистрирани 1 761 490 гласачи а правото на глас го искористиле 1.182.143 . Токму на овие избори е регистрирана и една од највисоките стапки на излезеност од 67,11%.  Излезноста во сите изборни единици беше над 50% а најголема беше во Изборна единица 4 каде одзивот изнесуваше 74,65% а најмала 52,51% во Изборна единица 6. На овие избори ДУИ освои 7,26% од гласовите, БЕСА 4,90%, Алијанса за Албанците 2,97% а ДПА 2,26%.

Претседателски избори април 2014

Ова ќе бидат петтите по ред претседателски избори во земјата. Во 2014 та практично се спроведоа “двојни“ избори, вториот круг на претседателски избори се одржа на 27 април, заедно со предвремените парламентарни избори.

На претседателите избори право на глас имаа 1 779 527 гласачи а излезноста во вториот одлучувачки круг во кој влегоа кандидатите Ѓорѓе Иванов зад кој застана ВМРО ДПМНЕ и Стево Пендаровски со логистика од СДСМ, изнесуваше 54,36%.  Парламентарните избори пак ќе бидат трети по ред распишани како “предвремени“ а излезноста изнесувала скоро 63%.

Од прогласување на независноста во земјава до следните априлско-мајски избори, во земјава се одржале десет парламентарни избори а граѓаните на следните претседателски избори ќе излезат по седми пат за да го гласаат идниот татко на нацијата.

Извор: Порталб.мк