МЗ: 7 починати и 342 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 7 лица. Починале 3 лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г).

Во последните 24 часа потврдени се 342 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 135 случаи во Скопје, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2 и по 1 во Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти, односно од Скопје – 141, Битола – 33, Прилеп – 25, Кавадарци – 21, Велес – 18, Кочани – 14, Ресен и Валандово – по 10, Гевгелија и Делчево – по 8, Штип – 7, Берово, Крива Паланка и Демир Хисар – по 6, Струмица и Свети Николе – по 5, Радовиш, Неготино и Тетово – по 4, Пехчево – 3, Охрид и Пробиштип – по 2 и по 1 од Гостивар, Кичево, Кратово, Виница, Богданци и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.349 тестови.