9 починати и 172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 9 лица. Починале 4 лица од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно лице од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г).

Во последните 24 часа потврдени се 172 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 107 случаи во Скопје, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2 и по 1 од Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија.

Регистриран e 381 оздравен пациент, односно од Скопје – 145, Битола – 42, Куманово – 30, Штип – 22, Кавадараци – 21, Велес – 20, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Прилеп – 12, Тетово – 10, Кичево и Берово – по 8, Свети Николе и Неготино – по 5, Кратово и Делчево – по 4, Охрид, Богданци и Радовиш – по 3 и по 1 од Пробиштип, Ресен и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.483 тестови.