МЗ: 15 починати и 185 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 12 лица. Починале 5 лица од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г).

„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови а 2 лица се починати во домашни услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа се потврдени 185 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 99 случаи во Скопје, Велес и Кочани – по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – 8, Куманово – 6, Охрид – 5, Струмица – 4, Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2 и по 1 во Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци.

Регистрирани сe 523 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 153, Охрид – 98, Струга – 73, Куманово – 28, Кочани – 19, Велес и Штип – по 18, Тетово – 17, Кичево – 14, Кавадарци – 13, Битола – 12, Струмица – 10, Свети Николе – 7, Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5, Пробиштип, Берово и Валандово – по 4, Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3 и по 1 од Неготино, Ресен, Дебар и Делчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.876 тестови.