МЗ: 15 починати и 444 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 8 лица. Починале 2 лица од Скопје (56г и 46г) и по едно лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 444 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 187 случаи во Скопје, Куманово – 37, Kрива Паланка – 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола – 17, Тетово и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9, Неготино и Ресен – по 7, Берово – 5, Свети Николе – 4, Кичево, Радовиш и Пробиштип – по 3, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2 и по 1 во  Виница, Пехчево и Дојран.

Регистрирани сe 225 оздравени пациенти, односно од Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8, Велес – 7, Гевгелија – 6, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4, Штип и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2 и по 1 од Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.210 тестови.