14 починати и 2.051 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 7 лица. Починале по 2 лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Од вкупниот број на починати лица – 14, четири лица се целосно вакцинирани.

Во последните 24 часа потврден е 2.051 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 1.027 случаи во Скопје, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24 и 22 случаи во Делчево.

Потоа, регистриран е 21 случај во Свети Николе, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2 и по 1 случај во Дебар, Виница и Дојран. Од вкупниот број на позитивни – 2.051, регистрирани се 276 реинфекции.

Регистрирани сe 747 оздравени пациенти, односно од Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2 и по 1 од Кичево, Валандово, Богданци и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, на починати е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.723.835 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.353 тестови.