МЗ: 10 починати и 417 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 9 лица. Починале по 2 лица од Скопје (60г и 64г) и Кочани (45г и 64г) и по едно лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 417 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 155 случаи во Скопје, Прилеп – 31, Куманово и Велес – по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип – по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и Пробиштип – по 10, Радовиш – 7, Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6, Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5, Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2 и 1 во Крушево.

Регистрирани сe 329 оздравени пациенти, односно од Скопје – 151, Куманово – 35, Велес и Штип – по 15, Кавадарци – 14, Кочани – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Струмица – 9, Гевгелија – 8, Свети Николе – 7, Неготино, Берово и Пробиштип – по 5, Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 4, Кратово – 3, Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево – по 2 и по 1 од Радовиш и Демир Хисар.

 

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.708, бројот на оздравени пациенти е 188.024, на починати е 7.108, а бројот на активни случаи изнесува 6.576“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.378.530 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 2.964 тестови.