27 починати и 333 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 27 лица. Од пријавените, 3 лица се починати во домашни, а 24 лица се починати во болнички услови.

Починале 8 лица од Скопје на 54, 62, 64, 64, 64, 65, 69 и 70 години, 4 лица од Гостивар на 53, 65, 72 и 83 години, по 3 лица од Тетово на 60, 70 и 76 години, од Куманово на 67, 72 и 73 години и од Кичево на 68, 68 и 82 години и по едно лице од Струмица на 68 години, од Дебар на 84 години, од Прилеп на 69 години, од Струга на 71 година, од Битола на 56 години и од Свети Николе на 55 години.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 333 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 206 случаи во Скопје, Гостивар – 33, Куманово – 19, Кичево – 13, Струга – 10, Струмица и Дебар – по 9, Прилеп – 7, Тетово, Кавадарци и Охрид – 5, Битола, Кочани и Свети Николе – по 2 и по 1 во Велес, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод.

Регистрирани сe 367 оздравени пациенти, односно, од Гостивар – 84, Тетово – 66, Скопје – 61, Струмица – 30, Куманово – 23, Кичево – 19, Охрид – 14, Дебар – 11, Прилеп – 7, Струга и Битола – по 6, Штип – 5, Радовиш, Македонски Брод, Виница и Валандово – по 4, Кавадарци, Кочани, Свети Николе, Велес и Ресен – по 3, Крива Паланка – 2 и по 1 од Неготино и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.111.451 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.022 тестови.