17 починати и 101 новозаразен со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица. Починале  6 лица од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г), 2 лица од Куманово (75г и 80г) и по едно лице од Берово (77г), Битола (69г), Велес (71г), Македонска Каменица (35г) и Ресен (76г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврден е 101 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 59 случаи во Скопје, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2 и по 1 во Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод.

Регистрирани сe 393 оздравени пациенти, односно од Скопје – 123, Битола и Охрид – по 37, Кавадарци – 20, Велес и Крива Паланка – по 19, Прилеп – 15, Кочани – 13, Тетово и Куманово – по  12, Штип  и Струга – по 9, Кратово – 7, Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар – по 6, Неготино, Валандово и Радовиш – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Виница – по  3, Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 2 и по 1 од Кичево, Крушево и Демир Капија.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.299 тестови.