13 починати и 1.732 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 7 лица. Починале по 2 лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 1.732 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 788 случаи во Скопје, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47, Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31 и 30 во Гостивар.

Потоа, регистрирани се 29 случаи во Неготино, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2 и 1 во Пехчево.

Од вкупниот број позитивни 1.732, регистрирани се 204 реинфекции.

Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти, односно од Скопје – 659, Битола – 114, Прилеп – 52, Кавадарци – 32, Штип – 22, Куманово – 18, Тетово – 11, Охрид, Струмица и Неготино – по 10, Ресен, Гевгелија и Струга – по 9, Гостивар и Радовиш – по 8, Велес и Богданци – по 7, Крушево и Крива Паланка – по 6, Пробиштип – 5, Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Свети Николе – 2 и по 1 од Демир Капија и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.928 тестови.