19 починати и 333 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 19 лица. Починале 6 лица од Скопје (52г, 66г, 78г, 79г, 88г, и 91г), 5 лица од Битола (59г, 69г, 79г, 80г и 86), 2 лица од Велес (38г и 72г) и по едно лице од Штип (71г), Пробиштип (89г), Кавадарци (32г), Кочани (66г), Гевгелија (58г) и Македонска Каменица (65г).

Во последните 24 часа потврдени се 333 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 152 случаи во Скопје, Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10, Велес – 8, Кочани, Свети Николе и Ресен – 7, Штип – 6, Крива Паланка – 5, Тетово и Струга – по 4, Виница – 3, Гевгелија, Демир Хисар и Крушево – по 2 и по 1 во Кичево, Неготино, Берово, Кратово и Демир Капија.

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти, односно од Скопје – 107, Битола – 52, Прилеп – 22, Куманово – 16, Кавадарци – 15, Кочани – 13, Велес – 10, Штип – 9, Ресен – 8, Берово –7, Демир Хисар, Кичево, Неготино и Радовиш – по 6, Делчево и Кратово – по 5,Свети Николе и Гевгелија – по 4, Пробиштип – 3, Виница – 2 и по 1 од Македонска Каменица, Гостивар и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 2.547 тестови.