13 починати и 677 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица. Починале 5 лица од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г).

Во последните 24 часа потврдени се 677 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 279 случаи во Скопје, Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12 и по 10 случаи во Ресен и Берово.

Потоа, регистрирани се 9 случаи на Ковид-19 во Демир Хисар, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2 и 1 во Струмица.

Регистрирани сe 517 оздравени пациент, односно од Скопје – 237, Куманово – 36, Прилеп – 30, Битола – 21, Велес – 20, Штип – 18, Тетово и Охрид – по 17, Кочани – 16, Кавадарци – 15, Берово – 14, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 9, Кичево – 8, Радовиш и Неготино – по 7, Струмица – 6, Валандово – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Виница, Пробиштип ,Струга и Македонска Каменица – по 3, Демир Хисар – 2 и по 1 од Делчево ,Гостивар и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.412.395 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.317 тестови.