МЗ: 15 починати и 412 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 12 лица. Починале  5 лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци (85г), Крива Паланка (67г) и Тетово (64г).

„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа се потврдени 412 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 205 случаи во Скопје, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево, Гевгелија и Радовиш – по 5, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Неготино, Виница, Македонски Брод, Демир Капија, Пехчево и Дојран.

Регистрирани сe 395 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 198, Куманово – 27, Штип – 22, Прилеп -21, Струмица – 19, Велес – 16, Кавадарци – 14, Гостивар – 11, Битола и Тетово – по 9, Кочани и Кичево – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Берово и Валандово – по 4, Гевгелија и Кратово – по 3, Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2 и по 1 во Охрид, Крива Паланка и Виница.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.379 тестови.