МЗ: 18 починати и 396 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Починале 5 лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно лице од Охрид (87г), Куманово (81г), Свети Николе (71г),Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени четири починати лица со датум на смрт 17.12. до 25.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Пехчево (2), Скопје (1) и Штип (1). на возраст од 71 до 87 години. Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 396 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 196 случаи во Скопје, Битола – 31, Прилеп – 23, Гевгелија – 17, Охрид – 16, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 10, Ресен – 9, Велес – 8, Штип и Кочани – по 7 и по  6 во Берово и Валандово.

Потоа, регистрирани се 5 случаи на Ковид-19 во Неготино, Тетово, Кичево и Струга – по 4, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2, Делчево и Дебар –– по 1.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти, односно од Скопје – 116, Битола – 14, Кавадарци – 13, Прилеп и Охрид – по 9, Крива Паланка -7, Куманово и Штип – по 4, Струмица, Кочани, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 3, Тетово, Велес, Кичево, Струга и Демир Хисар – по 2 и по 1 од Неготино, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци и Крушево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.586.033 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.858 тестови.