ЈСП: Јавниот превоз за 1 Мај ќе се одвива по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје информира дека утре, среда, поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

„Жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници.
Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров“, велат од ЈСП.

Истовремено, информираат дека од утре, среда, жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

„Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу“, велат од ЈСП.

Работното време, објаснуваат тие, е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.