ЈСП: За Први Мај автобусите ќе возат по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, автобусите ќе возат по неделниот возен ред, а жичарницата ќе работи до 20 часот.

„Билетарниците и центрите за персонализација на 1 Мај нема да работат. Жичарницата на 1 Мај ќе работи од 10 до 20 часот, исто и во вторник“, велат од ЈСП.

Оттаму потсетуваат дека од мај, жичарницата работи два часа повеќе од изминатиов период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работно време на жичарницата за период мај – септември.

„Во период од 19 – 19.30 часот е последното возење од доле нагоре. Во 19.45 часот е последното возење од горе надоле“, нагласуваат од претпријатието