Скопската жичарница од утре ќе работи еден час повеќе

Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека од утре (1 април), жичарницата на средно водно ќе работи еден час повеќе – односно ќе работи од 10 до 18 часот.

Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Од ЈСП-Скопје напоменуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичарницата се неработни денови.