За Илинден скопскиот градски превоз ќе биде редуциран, а жичарницата ќе работи вообичаено

Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека во вторник, поради државниот празник Илинден, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници, а Жичарницата ќе работи вообичаено.

Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.