ЈСП: Неделен возен ред на Бадник и Божиќ, дежурни ќе бидат три билетарници

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека за претстојните празници Бадник (6 јануари) и Божиќ (7 јануари) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку приградски линии кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

За време на празниците и на 8 јануари дежурни ќе бидат три билетарници, на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров кои ќе работат од 6:30 до 13:30 часот.

Жичарницата ќе работи од 10 до 17 часот.

Возниот ред може да се види тука.