[Фото] Се одржа шестиот „Графити фест“ во Куманово   

Во организација на Здружението за ликовни уметности „Форма“, во Куманово викендов се одржуваше шестото издание на фестивалот на улична уметност „Графити фест“.

Графити и мурали се сликаа на ѕидовите на стамбениот блок на „Октомвриска револуција“, а потоа и во близина на средното училиште „Перо Наков“.

Фестивалот има меѓународен карактер и на него учествуваа 18 уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија и Турција.

Фотографии: Q Rec – Online Shop