„Душа на платно“ – самостојна изложба на Боре Митовски

„Душа на платно“ е насловена првата самостојна изложба на сликарот Боре Митовски. Таа ќе биде отворена во понеделник (13 ноември) во центарот Aрт хаб во Скопје од 19 часот.

„Сликите на Боре Митовски се изградени композиции во стилот на надреализмот, кубизмот и експресионизмот. Тој во неговите слики на пејсажи и мртви природи гради еден оргинален свет на геометриски форми исполнети со жив колорит на бои. Неговата слика како силна конструкција ја гради со цртеж и разиграни строги линии кои градат одредена перспектива и влез во друга димензија. Геометриските  плохи се исполнети со комплементарни бои кои дават експресивност и виталност во сликата. Уметничката слобода, креативност и фантазија гради посебни некои простори со урбани и природни пејсажи блиски до македонската традиција и фолклор со асоцијација на македонските везови и декорации на народните носии, но со ликовен модерен сензибилитет“, пишува за изложбата скулпторот Синиша Новески.

Митовски по потекло е од Македонија, но долги години живее и работи во Словенија. На изложбата тој ќе претстави триесетина дела.