[Фото] Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје“ на Плоштад Македонија

На Плоштадот Македонија денес за првпат се одржа манифестацијата „Саем на средни училишта на Град Скопје“ на која се  промовираат градските средни училишта и се презентираат нивните наставни планови и програми.

„Горди сме што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат квалитетни, добри, професионални млади кадри и кои понатаму се успешни во нивниот кариерен развој. Ги охрабруваме учениците, кои се нашата иднина, како и наставниот кадар, професорите, директорите, кои се залагаат нашите средношколци да бидат што е можно подобри, да продолжат со одличната работа и резултати. Нашите скопски средни училишта воведуваат нови, иновативни образовни профили кои се според потребите на пазарот на труд, а во насока на развој и унапредување на образовниот процес за идните млади професионалци. Истовремено, скопските средни стручни училишта се лидери во Македонија во поглед на стручното образование кое е се атрактивно за учениците“, велат од Град Скопје.

Денес беше претставен првиот дел од програмата која продолжува и утре (18 мај).

Покрај промотивниот дел каде родителите и идните средношколци можеа да се запознаат со  со наставниот кадар и стручните служби на училиштата и програмите на училиштата, имаше музичко забавна програма во изведба на средношколски музички бендови и солисти, како и настап на фолклористите од ДКЦ Карпош.

Фото: Град Скопје