Алармантен извештај за климатските промени: „Најлошото допрва доаѓа“

Недостаток на вода, егзодус, неухранетост, устребување на видови, животот на Земјата, каков што го знаеме неизбежно ќе се трансформира со климатските промени кога децата родени во 2021 година ќе бидат на возраст од 30 години или помлади, се предупредува во извештајот на Обединетите нации, до кој дојде агенцијата „Франс прес“, пренесува „Н1“.

Нацрт-извештајот, напишан од стотици научници при Меѓународниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) осцилира помеѓу апокалиптичниот тон и надежта што им се дава на луѓето да ја променат својата судбина со непосредни и драстични мерки.

Сеопфатниот извештај за проценка на 4.000 страници е многу поалармантен од претходниот од 2014 година. Иако неговите главни заклучоци нема да се променат, тој нема да биде службено објавен до февруари 2022 година, откако ќе биде одобрен со консензус од 195 земји-членки.

Без оглед на стапката на намалување на емисиите на стакленички гасови, разорните ефекти од затоплувањето врз природата и човештвото ќе станат болно опипливи и пред 2050 година.

„Животот на Земјата може да се опорави од големите климатски промени со еволуција на нови видови и создавање на нови еко-системи“, се забележува во техничкото резиме.

Меѓу најважните заклучоци е намалувањето на прагот над кој затоплувањето може да се смета за прифатливо. Со потпишувањето на Парискиот договор во 2015 година, светот се обврза да го ограничи глобалното затоплување „значително под 2 целзиусови степени“ и се обидува да го ограничи зголемувањето на температурата на 1.5 целзиусов степен.

ИПЦЦ проценува дека надминувањето на 1.5 целзиусов степен веќе може „постепено да доведе до сериозни последици, понекогаш и неповратно“.

„Најлошото допрва доаѓа, со многу повеќе импликации во животот на нашите деца и внуци, отколку на нашите“, тврдат од ИПЦЦ.

Климата веќе се промени. Иако порастот на просечните температури од средината на 19. век достигна 1.1 целзиусов степен, ефектит се сериозни и ќе бидат се посилни, дури и ако се намалат емисиите на јаглероден диоксид.