Буркина Фасо на две недели ја забрани работата на Би-Би-Си и Гласот на Америка поради известување за масовни гробници

Буркина Фасо на две недели ја забрани работата на радио станиците Би-Би-Си и Гласот на Америка поради нивното известување за масовните гробници.

Двата медиуми објавија податоци од извештајот на „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) за масовни убиства на цивили од страна на вооружените сили на земјата.

Според извештајот објавен од ХРВ вчера, војската убила околу 223 цивили, меѓу кои 56 деца, во селата за кои верувале дека соработуваат со бунтовниците.

Портпаролот на владата на Буркина Фасо, Тонсир Мирјан Корин Сану, рече дека двете радио станици ќе бидат суспендирани на две недели и ги предупреди другите медиуми да избегнуваат известување за приказната.

„Гласот на Америка останува со известување за Буркина Фасо и има намера да продолжи целосно и правично да ги покрива активностите во земјата“, наведoa од Гласот на Америка во нивото соопштение.