Запалена канцеларијата на директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“

Утринава била опожарена и демолирана канцеларијата на директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“ во скопската Општина Кисела Вода.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица, а до овој момент нема пријави за повредени лица во инцидентот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека меѓу сторителите било и поранешно лице вработено во Домот.

„На 11.11.2022 во СВР Скопје А.Ф.(36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност, при што настанал пожар“, велат од МВР.

На видеото од ТВ Клан Македонија во продолжение може да се види дел од штетата која била причинета од пожарот.