[Видео] Британец го прослави својот 100-ти роденден скокајќи со падобран

Стогодишниот Верден Хејс скокна со падобран од авион на височина од 3 400 километри, за да го прослави својот роденден. Хејс сакал да го направи тоа уште кога имал 90 години, но морал да чека десет години за да го оствари својот сон. По безбедното слетување на аеродромот во Девон изјавил дека сака да го направи тоа повторно за следниот 101 роденден. Скокајќи во придружба на неговите два правнуци, се верува дека е најстариот Британец кој скокнал со падобран досега.