Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Женска трка 2023“

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре (недела, 9 април) со почеток во 10 часот поради одржување на улична трка на три километри насловена како „Женска трка 2023“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

„Трката ќе се одвива по следната траса – од бул ‘Илинден’ пред фонтана Лотус (старт и цел) до крстосницата со бул ‘8 Септември’ каде се врти полукружно назад по бул ‘Илинден’ до целта кај фонтана Лотус“, велат од МВР.

Од ресорното министерство апелираа до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полицајците по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

„Женска трка“ се одржува веќе 11-ти пат по ред. Оваа година, трката ќе започне во 10 часот на булевар „Илинденска“ и се трча еден круг од 3 километри.