МВР санкционираше автобуси што превезуваат ученици, дел од возачите биле пијани

При акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, Министерството за внатрешни работи денеска констатираше 35 сообраќајни прекршоци, од кои, пет возила биле исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол.

Дополнително, при контролата, констатирани се 10 прекршоци за непрописно вклучување во сообраќај, 10 за возење без сообраќајна дозвола и 7 за користење мобилен телефон за при возење.

Од МВР додаваат дека на вонреден технички преглед биле упатени девет возила.

„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, велат од МВР.