МВР: 65 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера помеѓу 12 и 16 часот на територија на Северна Македонија била спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

При контролата полицијата констатирала 65 сообраќајни прекршоци, а три возила биле исклучени од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило.

Од МВР велат дека целта на акцијата е зголемување на безбедноста на учениците при нивното движење до училиштата.

„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, додаваат од МВР.