ЈСП: Неделен возен ред на 11 октомври, дежурни ќе бидат три билетарници

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека утре (11 октомври) поради државниот празник, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Истовремено, оттаму соопштија дека на 11 октомври ќе бидат дежурни три билетарници, односно билетарниците на транспортен центар, Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, кои ќе работат од 7 до 13 часот и 30 минути.

Жичарницата до Водно пак ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот.

Возниот ред на ЈСП може да се види на следниов ЛИНК.