[Видео] Млади од новинарските клубови на Радио МОФ во посета на медиуми

Триесетина учесници во новинарскиот клуб на Радио МОФ, денеска беа во посета на неколку медиуми. 

Млади од Скопје, Струмица и Штип најпрво ја посетија редакцијата на ТВ Сител каде што имаа можност од прва рака да видат како се спремаат телевизиските прилози и како тече целиот процес на телевизиско информирање.

Наредна дестинација беше редакцијата на БИРН-ПРИЗМА каде учесниците слушнаа дел од искуствата и советите од новинарите за тоа што значи да се биде истражувачки новинар. Новинарите им кажаа нешто повеќе за тоа како ги наоѓаат темите за своите истражувања, од каде црпат податоци, но и како да ги презентираат истражувачките стории. 

Посетата заврши во редакцијата на Радио МОФ, каде младите се запознаа со работата на нашиот медиум и членовите на нашиот тим. Тука имаа можност да откријат на каков начин се спрема еден новинарски текст и кои правила кои треба да се следат. 

Учесниците исто така, влегоа во студиото на Радио МОФ и дел од нив се испробаа како водители на подкаст.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Симона Паскоска и Ангела Бошкоска