„The Revenant“ ќе се прикажува во домашните кина од 21 јануари

Новиот филм на режисерот Alejandro González Iñárritu, „The Revenant“ пристигнува на репертоарот на домашните кина на 21 јануари, 2016 година.

Во новиот филмски проект на González, главните улоги ги толкуваат Leonardo DiCaprio и Tom Hardy, а е сниман во зафрлените предели на Канада и Аргентина.

Тој заедно со директорот на фотографија Emmanuel Lubezki, добитник на „Оскар“ за негоата работа на филмовите „Гравитација“ и „Човекот-птица“, инсистирале во текот на снимањето да се користи само природната светлина. Снимале во екстремни услови во попладневните часови, вообичаено помеѓу 17:30 и 19:30 часот.

„The Revenant“ е возбудливо филмско ремек-дело кое ја раскажува епската авантура на преживување на еден маж и исклучителната моќ на силата на човековиот дух. Ловецот Хју Глас (Leonardo DiCaprio) кој тешко го повредиле неговите сопатници предводени од Џон Фицџералд (Tom Hardy) и го оставиле да умре длабоко во неистражената американска дивина. Воден од силната волја, како единствено оружје, опкружен од суровата зима и непријателските племиња, Глас ќе се бори за својот живот, додека пак неговата желба за одмазда нема да стивне.