Сушите во Бразил ги повлекуваат реките и откриваат историски богатства

Суши во Бразил ги повлекуваат реките, а откриваат и историски богатства стари 2.000 години, кои поттикнуваат измешани чувства, бидејќи немало да бидат пронајдени без последиците од климатските промени.

Портрети на луѓе и животни биле пронајдени на камења во реката Рио Негро. Дел од камењата биле пронајдени во 2010 година, но поради големите тековни суши, со рекордните повлекувања на реките се откриени поголем број од праисториските дела.

Минатата недела, рекатата се повлекла дури 13,5 – најниско ниво од почетокот на официјалните записи пред 121 година.

„Сега имаме поголем број на петроглифи кои ќе им помогнат на истражувачите да го утврдат нивното потекло, изјавил археологот Сантана Оливеира.

„Една област покажува мазни вдлабнатини во карпите, а веруваме дека се стари околу 1.000 до 2.000 години“, изјавил археологот.

„Овој пат не најдовме само резби, туку и портрет на човечко лице издлабено во карпа“, додаде Оливеира, кој работи за Националниот институт за историско и уметничко наследство.

Бразилските власти се обидуваат да достават храна и вода до илјадници изолираните заедници низ територија која нема патишта, а чамците се единственото превозно средство.

Низ државата Амазонас, 59 од 62 општини се во вонредна состојба, а околу 633.000 лица се погодени од сушите.