[Видео] Бразилски уметник нацрта џиновски мурал со пепелта од уништените амазонски шуми

Уморен од гледање како шумите во Амазон се уништуваат со години наназад, бразилскиот уличен уметник Мундано одлучи природата да зборува сама за себе. Тој нацрта огромен мурал во Сао Паоло користејќи ја пепелта собрана од запалените дождовни шуми со цел да ја подигне свеста за климатските промени.

Џиновскиот мурал опфаќа 1.000 квадратни метри и е наречен „Шумски пожарникар“. На него е прикажан лик кој беспомошно се соочува со разбеснет пожар.

За да го направи муралот 36-годишниот Мундано собрал 200 килограми пепел од различни локации зафатени од пожарите.

Тој е поставен на зграда во близина на Авенида Паулиста, главната авенија која се протега низ најголемиот бразилски град.