Уништувањето на амазонската шума е на најлошо ниво во последниве 15 години

Уништувањето на бразилските дождовни шуми во Амазон достигнала рекордно ниво во последниве 15 години покажуваат официјалните податоци.

Извештај на Бразилската агенција за истражување на вселената (ИНПЕ) откри дека обесшумувањето се зголемило за 22% последнава година. Според последните податоци во периодот 2020-2021 биле изгубени вкупно 13,235 квадратни километри шума, што е најголема количина од 2006 година.

Бразил е дел од државите кои ветија дека ќе стават крај на уништувањето на шумите до 2030 година на КОП26 климатскиот самит.

Амазон е дом на околу три милиони видови животни и растенија и еден милион домородно население. Подрачјето е важен природен резервоар на јаглерод кој ја намалува брзината на глобалното загревање.

Уништувањето на Амазон се зголеми под власта на претседателот Жаир Болсонаро, кој ги охрабруваше земјоделските и рударските активности во шумата. Тој истовремено се судри со ИНПЕ последниов период, обвинувајќи ја агенцијата во 2019 година дека го руши угледот на Бразил.

[Видео] Бразилски уметник нацрта џиновски мурал со пепелта од уништените амазонски шуми