Недовршениот портрет од австрискиот сликар Густав Климт продаден за 30 милиони евра во Виена

Недовршениот портрет од австрискиот сликар Густав Климт познат како „Портретот на госпоѓица Лизер“, вчера е продаден за 30 милиони евра на наддавање во Виена.

Портретот, кој бил нарачан од семејството на еврејскиот индустријалец Адолф Лизер во 1917 година никогаш не бил завршен бидејќи само една година подоцна Климт починал.  Долго време се мислеше дека ова дело е изгубено, но всушност со години било изложено во приватна вила во близина на Виена, пишува „БиБиСи“

Долго време се разговарало за тоа која е всушност жената на сликата и што се случило со сликата за време на нацистичкиот период, па мислењата и претпоставките посочуваат дека таа е една од ќерките на Адолф или неговиот брат Јустус Лизер.

Во јануари годинава, аукциската куќа „Им Кински“ го изложи „Портретот на госпоѓица Лизер“ со проценета вредност од 30 до 50 милиони евра.