Стоилковски: Се извинувам ако сум предизвикал навреда или метафората навредила нечии чувства

Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства, соопшти преку Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковки откако негова изјава поттикна реакции и низа осуди од невладини организации, кои изјавата ја окарактеризираа како „вознемирувачка, сексистичка и мизогина“.

„Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како Човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил. Очекувам и овој мој јавен став да биде преземен од медиумите“, напиша Стоилковски.