Средно училиште во Копенхаген ќе користи соларна енергија, а учениците сами ќе одгледуваат и приготвуваат храна

Ново средно училиште во Копенхаген сака да воведе експериментален пристап на учење. Училиштето кое се простира на 9 819 квадратни метри ќе ги учи децата како да ја одгледуваат и приготват храната, кој ќе расте во градината на покривот. Покрај неа, школото ќе има и соларни панели и низа други технологии за штедење на енергија.

Архитектонската компанија C.F. Møller победи на конкурсот минатата година за дизајн на школото. Учениците комбинираат физичко, сензорно и практично учење, што ги инспирираше архитектите да создадат објект што ќе ја замагли границата помеѓу надворешноста и внатрешноста.

Бидејќи храната е главна тема на училиштето, салата со двојна висина е сместена во срцето на училиштето за да служи како фокусна точка и главен центар. Две кујни ја зафаќаат областа на кантината. Учениците исто така комуницираат со храната на други начини, преку оранжериите и урбаните градини, па дури и во отворените кујни и камперскиот оган за готвење на отворено. Физичката активност е исто така важна во наставната програма и затоа архитектите создале повеќе отворени простори за рекреација на покривот, кои вклучуваат патека за трчање, паркур област…

„Внатрешните и надворешните простори на училиштето се дизајнирани да бидат во тесна врска меѓусебно”, напишаа архитектите.

„Секоја клас има директен пристап до пејсажот на покривот од нивната област, додека за часовите по природните науки има отворено подрачје со градина за биологија, стаклена градина за физика и хемија и градини”, додаваат.

Зградата е создадена да го следи најстрогиот дански енергетски код 2020 и вклучува вентилација со обновување на топлината, природна вентилација, контролирано осветлување и целосна изолација.