Со претставата „Café Müller“ на Пина Бауш започнува „Театар на платно“ во Кинотека

Претставата „Café Müller“ кореографирана и одиграна од Пина Бауш во четврток (27 април) во 20 часот ќе биде прикажана на платното во Кинотеката на Македонија.

Со оваа претстава, информираат од Кинотеката, започнува проектот „Театар на платно“ што е во соработка со компанијата „АртАктУм“.

„По претставата ќе отвориме разговор меѓу публиката и нашите гостинки: Искра Шукарова, кореограф и професор при ФМУ – УКИМ катедра за балетска педагогија, Бранка Костиќ – Марковиќ, музиколог и уметнички раководител во НУ Танец и Искра Гешоска, програмска уредничка на Контрапункт и на КРИК – платформа за критичка култура“, се вели во најавата од Кинотека.