58. Драмски аматерски фестивал на Македонија од 21-25 мај

Од 21-25 мај ќе се одржи 58-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – ДАФ. Фестивалот ќе се одржи во Кочани, кој е негов домаќин по 45-ти пат.

Поради пандемијата предизвикана од Ковид 19 на годишното издание ќе бидат претставени 5 претстави, но ќе има и серија на други интересни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката

„Не заборавајте да носите маски, исчашено време е, никаде без маски“, велат организаторите на настанот.

Тие пред неколку дена ја објавија и целосната програма за новото издание на ДАФ.