„Слушајте филм“ со Влатко Галевски утре во „Буква“

„Ссссс слушајте филм (со видео поддршка). Со Влатко Галевски“.

Вака стои најавата на кафе-книжарницата „Буква“, каде утре (четврток, 11 мај) од 20 часот ќе се одржи настан со Влатко Галевски, македонски филмски критичар и хроничар на филмската уметност.

Од „Буква“ велат дека се работи за аудио-визуелен сет на класична и авангардна музичко-филмска авторска монтажа.

„Од Хендел до Глас. Од Моцарт до Пендерецки. Од Шостакович до Сантаолаја“, стои во најавата на кафе-книжарницата.